Собрание

Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023

05.12.2022 08:39

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за заштита од дискриминација. Амандманот што во координација со Комисијата го предложи пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ го поддржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Поднесени се 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година од сите политички партии, од кои 200 се од ВМРО-ДПМНЕ.