МВР
Закани за бомби во пет училишта во Кавадарци
05.12.2022 09:53
Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа...

Утрово пет училишта во Кавадарци добиле закани за поставени бомби- потврди МВР. Две средни и три основи школи на електронските адреси имале пораки со закана за елплозивни направи.
Евакуирани се и учениците и наставниот кадар. Во тек се антитерористички проверки за расчистување на случајот, велат од МВР.
