Свет

Цените на нафтата стабилни

05.12.2022 10:01

Г7 и Австралија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта што се превезува со танкери на 60 долари за барел.

Цените на нафтата стабилни откако на сила стапи ограничувањето на цената на руската нафта, во момент кога западот се обидува да ја намали способноста на москва да ја финансира војната во Украина.

Русија кажа дека нема да ја почитува оваа мерка, дури и ако мора да го намали производството. Г7 и Австралија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта што се превезува со танкери на 60 долари за барел.

Русија е вториот најголем извозник на нафта на светот.