Тенис

По дома, а бодови се минусираат

28.04.2014 10:56

Новак Ѓоковиќ иако одмара во домашна атмосфера и се рехабилитира од повредата на зглобот на десната рака, бодовите на неговото АТП конто растат. Од друга страна, лидерот на тениската светска скала, Рафаел Надал се потеше во Барселона за ништо. Стигна до ¼ финалето Рафа, но бидејќи не го одбрани тронот, загуби од неговиот сонародник Алмагро, изгуби и бодови, па отиде разликата кај Ноле за 410 бода. Досегашните 2.270 во плус за шпанецот, се симнаа на 1.860. Освен оваа промена, во топ 10-тката на АТП листата остана се исто.

На врвот на ВТА редоследот и натаму недопирлива Серена Вилиамс, која предничи пред втората На Ли со цели, 5120 бода.