Бугарија

Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата влада

05.12.2022 10:04

Третиот мандат Радев мора да го предаде на партија или коалиција по негов избор. А ако и таа не успее да формира мнозинство, тогаш тој ќе мора да го распушти бугарскиот парламент и да донесе декрет за предвремени парламентарни избори.

Бугарскиот претседател Радев, денеска ќе го врачи првиот истражувачки мандат за формирање влада. Победниците на предвремените парламентарни избори во Бугарија, ГЕРБ-СДС имаат право први да се обидат да формираат влада.

Третиот мандат Радев мора да го предаде на партија или коалиција по негов избор. А ако и таа не успее да формира мнозинство, тогаш тој ќе мора да го распушти бугарскиот парламент и да донесе декрет за предвремени парламентарни избори.

Бугарскиот технички премиер, Гулаб Донев, ќе одржи средба посветена на подготвеноста на Бугарија за приклучување кон Шенген зоната. Ќе даде осврт на активностите на официјалната бугарска влада за одбрана на подготвеноста на земјата за приклучување кон зоната за слободно движење во Европската унија.