Протести

Целосна сообраќајна блокада на Скопје

05.12.2022 10:29

Утрово само оние што одеа пеш навреме стигнаа до целта. Превозниците на протест, скопјани заглавени по сообраќајниците. Блокирани раскрсниците кај Мавровка, Црвен крст и кај Илинденска. Здруженијата бараат исплата на долгот...

Приватните автобуски превозници од двете компании „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно на крстосниците пред ТЦ „Мавровка“, „Црвен Крст“, како и на булеварот „Илинден“ околу просториите на Град Скопје. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.

Ана Јосифоска Тодоровска известува за протестот на приватните превозници.