Украина
Зеленски ги повика граѓаните на истрајност
05.12.2022 10:30
Зеленски, во пресрет на претстојната студена зима, апелираше до Украинциите да бидат истрајни, бидејќи како што рече, непријателот се надева дека ќе ја искористи зимата против нив...

Украинскиот претседател Зеленски, во пресрет на претстојната студена зима, апелираше до Украинциите да бидат истрајни, бидејќи како што рече, непријателот се надева дека ќе ја искористи зимата против нив.
Украинскиот претседател посочи дека Русија има предност во проектили и артилерија, но дека украинците го штитат својот дом, што им дава мотивација.
