Свет

Иран: Активистите повикуваат на тридневни протести

05.12.2022 10:34

Од граѓаните е побарано да се воздржат од пазарење во следните три дена за да се спречи циркулација на пари во иранскиот банкарски систем.

Иранските активисти повикаа на нов бран протести за да се нанесе економска штета на Исламската република. Од граѓаните е побарано да се воздржат од пазарење во следните три дена за да се спречи циркулација на пари во иранскиот банкарски систем.

Иран го тресат национални протести по смртта на Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за морал поради кршење на строгиот Исламски кодекс на облекување на жените во Иран.