Хрватска

Дојави за бомби во повеќе хрватски институции, во тек е евакуација

05.12.2022 11:11

Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените...

Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените.

Дојава наводно стигнал до Владата на Хрватска.

- Добивме информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот, наведува загрепската полиција.  Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности.

Неколку стотици вработени во Општинскиот и Жупанискиот суд во Сплит се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба.

Во дојавата наводно пишувало „Зградите ќе бидат урнати“. Не го игнорирајте ова. Бомбата е поставена“.