Сеуште боли!
Остана само АКО да лебди викендов, а и долго по него изгледа. Ракометниот македонски шампион Вардар не натера до лудачка еуфорија и делириоум, а потоа до страотен шок и збунетост. Сево ова во позитива, можеа, заслужија, сакаа, најмногу на свет, сакаа и тие и ние да го освојуваат европскит врв.

Остана само АКО да лебди викендов, а и долго по него изгледа. Ракометниот македонски шампион Вардар не натера до лудачка еуфорија и делириоум, а потоа до страотен шок и збунетост. Сево ова во позитива, можеа, заслужија, сакаа, најмногу на свет, сакаа и тие и ние да го освојуваат европскит врв.
Но, не се виновни Гонзалес и дружината за изгубениот пас, која покажа дека има срце и тоа големо срце, срце за екстремни борби, неправди и наметната толерантност. Што ќе беше ако само малку правдата беше правда, ако само малку среќата беше наклонета, само малку. Покажаа дека лавовски може да се борат скопските црвено-црни и тоа уште повеќе боли, а од друга страна исполнува, воодушевува. Вардар не е во големата европска шампионска ракометна 4-ка, но Вардар покажа дека е над сите. Ракометна Европа треба конечно да стави прст на чело, вредат ли некои работи на сметка на други. Едноставно треба да се свати дека постојат и некои други момци, момци кои со душа, срце и ум знаат да играат и победуваат и тоа на терен.
Флензбург локално ќе патува за Келн, ама горчината во нивните души го мати мевлемот, барем малку, ако постои свест и доблест. Ова е лутина која се набива со позитивнен набој, има следна сезона, ќе има мегдан за реванш. Браво Вардар, браво Гонзалес.
Втората македонска ракометна радост, сините од Автокоманда, Металург исто го завршија европскит пат. Ќе беше премногу нереално да очекуваме чудо против Кил. Големината на овој германски гигант само ја потврди моќта со која располага, на сметка на онаа на четата на Червар. Без лоша мисла, но за да се мине ¼ финалниот континентален праг треба играч плус, треба клупа која ќе има одговор.
Во секој случај Македонија годинава машки беше горда ракометна нација, за дамите допрва ќе стрепиме, радуваме. Викендов не чека уште еден ракометен бум, уште еден ракометен празник, Вардарки ќе ја започнат, или довршат последната страна од историската бајка, бајка пишувана низ клупските ракометни паркети, бајка со дај боже среќен крај во бајковидната Будимпешта.
