Евроинтеграции

Самит ЕУ- Западен Балкан утре во Тирана

05.12.2022 11:34

Клучни теми на Самитот, како што е најавено, се заедничко справување со последиците од руската агресија врз Украина со фокус на негативните ефекти врз енергетската безбедност и достапноста на храна во регионот, но и за разгледување на координирани активности на безбедносните и одбранбени прашања, како што е борбата против дезинформации од странство и подобрувањето на колективната кибер безбедност.

Потврдување на клучното значење на стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, како регион со јасна ЕУ перспектива е главната порака на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој што ќе се одржи утре во Тирана. Ова е прв самит меѓу ЕУ и Западен Балкан во една од шесте земји во регионот.

Клучни теми на Самитот, како што е најавено, се заедничко справување со последиците од руската агресија врз Украина со фокус на негативните ефекти врз енергетската безбедност и достапноста на храна во регионот, но и за разгледување на координирани активности на безбедносните и одбранбени прашања, како што е борбата против дезинформации од странство и подобрувањето на колективната кибер безбедност.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе разговараат за продлабочување на политичкото учество, со особен фокус на младите, како и за заедничко справување во насока на менаџирање на миграцијата долж рутата на Западен Балкан, што подразбира и усогласување на ЕУ политиката на визна либерализација и соработка за системот на репатријација.

На Самитот се поканети сите 27 земји членки на ЕУ и партнерите од сите шест земји од регионот на Западен Балкан. Присуството на претседателот на Србија Александар Вучиќ сѐ уште не е потврдено, но ЕУ претставниците на денешниот брифинг во пресрет на Самитот, изразија увереност дека Србија ќе биде претставувана на највисоко ниво.