СП 2022: Франција преку Полска до четвртфиналето

05.12.2022 12:05

Стрелци на головите за Франција беа Оливие Жиру во 44. минута и Килијан Мбапе во 75. минута и 90+1 минута. Роберт Левандовски во 90+9. минута ги постави конечните 3:1.

Репрезентацијата на Франција е третиот учесник во четвртфиналната фаза на Светското фудбалско првенство 2022.  „Триколорите“ во Доха во осминафиналето ја победија Полска со 3:1.

Стрелци на головите за Франција беа Оливие Жиру во 44. минута и Килијан Мбапе во 75. минута и 90+1 минута. Роберт Левандовски во 90+9. минута ги постави конечните 3:1.

Французите ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на СП во Русија.