СП 2022: Англија убедлива против Сенегал
05.12.2022 12:07
Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф.

Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022.
Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф.
Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која забележа победа над Полска.
