Северна Кореја

Истрелани над 100 ракети, Сеул со предупредување

05.12.2022 12:16

Северна Кореја истрела околу 130 артилериски проектили во морето во близина на нејзиниот источен и западен брег во најновата воена вежба на Пјонгјанг во близина на заедничката граница...

Северна Кореја истрела околу 130 артилериски проектили во морето во близина на нејзиниот источен и западен брег во најновата воена вежба на Пјонгјанг во близина на заедничката граница.

Некои гранати паднаа во зона долж морската граница, што Сеул го нарекува прекршување на меѓукорејскиот договор од 2018 година за смирување на тензиите. Јужнокорејската армија испрати предупредување до Северна Кореја.

Јужна Кореја и сад спроведуваат заедничка вежба на средината на полуостровот, наведувајќи дека тоа е неопходно за одвраќање на нуклеарно вооружениот север.