Итна средба во Брисел за новите настани во Украина

28.04.2014 11:37

Дипломатите од Европската унија денеска во Брисел ќе одржат итна средба во врска со влошувањето на состојбата во Украина и за новите санкции за Русија, откако проруските бунтовници на истокот на земјата киднапираа меѓународни набљудувачи од Организацијата за европска безбедност и соработка. Дополнителните санкции најверојатно ќе вклучат замрзнување на имотот и забрана за влез на територијата на ЕУ за дополнителен број руски официјални лица. Во меѓувреме, продолжуваат преговорите за воените набљудувачи на ОБСЕ заробени од страна на проруските сепаратисти.