Дамева: Нема место и втора шанса за корумпирани судии
Весна Дамева е избрана за претседател на Судскиот совет со 10 гласа за и еден против. Во нејзиниот мандат, акцент стави на борбата против корупцијата. Испрати порака до судската фела-нема место за корумпирани суди. Дамева доаѓа на функцијата откако нејзината претходничка, Црвенковска минатиот вторник поднесе неотповиклива оставка, поради медиумска хајка сервирана од група „судска бизнис-елита“...

Злото наречено корупција мора да се сузбие, а за корумпираните судии нема да има втора шанса, изјави новоизбраната претседателка на судскиот совет Весна Дамева. Вети дека унапредувањето на судиите ќе биде реализирано час поскоро, а Советот ќе работи транспарентно и отчетно. Најави дека посетите во судовите ќе зачестат и ќе се бара отчет за одолговлекувањето на постапките и изземањето на судиите.
Со десет гласови за и еден против, Дамева дојде на функцијата откако Павлина Црвенковска поднесе оставка и обвини за влијание на судска-бизнис елита врз работата на Советот. Дамева рече дека не знае на што точно мисли нејзината претходничка, но истакна – ако тоа било вистина требала да го информира Судскиот совет.
Дамева тврди дека пред неа стои само законот и дека не била член на политичка партија.
Анита Димитријевска Велковска
