МВР

Кривична за малолетник за тероризам

05.12.2022 13:21

МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“...

МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“.

Пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во период од 26.10 до 02.11 годинава, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на вчера од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта, информираа од МВР.

Со цел обезбедување на докази е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 4-ти ноември во 11 часот и 17 минути од ИП адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е 43-годишна скопјанка, мајка на кривично пријавеното малолетно лице. Извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.