Здравство

Зголемен број повици во итната помош

05.12.2022 14:16

И покрај блокадите на улиците зголемениот број на пациенти периодов добива соодветна медицинска грижа. Срцеви и мозочни удари има кај пациенти од 40 до 50 години, велат од скопската брза помош...

Се намалува старосната граница на граѓани на кои им е потребна лекарска интервенција од Итната медицинска помош. Срцеви и мозочни удари има кај пациенти од 40 до 50 години, велат од скопската брза помош. И покрај блокадите на улиците зголемениот број на пациенти периодов добива соодветна медицинска грижа.

Според лекарите последиците од коронавирусот се причината поради тегобите кои ги чувствуваат граѓаните и бараат помош во ноќните часови во дежурните служби во седумте поликлиники во градот Скопје. Но замав земаат и вирусите.

Во поликлиниките во Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Ченто, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари има медицински тимови кои на граѓаните им стојат на располагање.

Наташа Ј. Менковски