МВР

Дојавите за бомбите се лажни, завршија проверките во училиштата во Кавадарци

05.12.2022 14:23

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението.

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави- информраат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението.

За заканите за поставени експлозивни направи во образовните установи полицијата беше информирана утрово во седум часот. Заканите стигнале на електронските адреси на две средни и три основни училишта во градот.