Македонија

Лажни се дојавите за бомби во Кавадарци

05.12.2022 14:58

Утрово во седум часот на електронската пошта, шест училишта од Кавадарци добиле закани за подметнати. Антитерористичките единици на МВР по деталната проверка на објектите констатирале дека биле лажни …

Пријавите за поставени експлозивни направи во шест училишта во Кавадарци биле лажни. Ова го констатирале антитерористичките проверки на единиците на МВР, кои биле извршени на објектите.

Утрово после седум часот, на електронската пошта, на шест училишта во Кавадарци, три основни и три средни пристигнало предупредување за поставени бомби. Учениците и вработените биле безбедно евакуирани.

Евакуирани биле учениците од три основните училишта „Тоде Хаџи Тефов“, „Димката Ангелов Габерот“, „Страшо Пинџур“ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Бегниште, Сопот, Марена, Возарци и Дреново, како и Гимназијата „Добри Даскалов“, шумарското средно „Ѓорче Петров“ и средното „Ќиро Спанџов Брко“.

Градоначалникот Јанчев најави зајакнување на безбедносните мерки во училиштата и другите јавни институции во градот.

Петар Печков