Германија

Евакуиран божиќниот пазар во Дизелдорф поради дојава за опасност

05.12.2022 19:08

Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник Билд.

Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник Билд.

Билд наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе вози камион низ пазарот, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Дизелдорф денеска објави дека стариот дел на градот е затворен, но не објасни што довело до затворањето.

Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар Александарплац поради телефонски закани.

„Берлинер Цајтунг“ потоа објави дека непознато лице и се заканувало на полицијата дека ќе ги прегази посетителите со својот автомобил.

Дванаесет лица загинаа, а 50 беа повредени во терористички напад со камион на божиќниот пазар во Берлин на 19 декември 2016 година, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.