Македонија
Угостителските услуги за една година поскапеа за 17 отсто
05.12.2022 20:38
Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9%, додека пак, во споредба со октомври годинава, растот изнесува 0.1%...

Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1%.
Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9%, додека пак, во споредба со октомври годинава, растот изнесува 0.1%.
Притоа, ако се направи споредба на овој со минатиот ноември, најголемо поскапување има во Храна за 22,1%, Алкохолни пијалаци 10,7% и Безалкохолни пијалаци за 7%. Ноќевањата пак се поскапени за 3,9%.
