Македонија

Регионална конференција „Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот“

06.12.2022 08:59

„Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот“ е насловена регионалната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со UN Women во Северна Македонија, поддржани од Швајцарија и Шведска...

„Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот“ е насловена регионалната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со UN Women во Северна Македонија, поддржани од Швајцарија и Шведска.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин, заменик амбасадорот на Швајцарија Луциен Аегертер и раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија Весна Ивановиќ Кастаред.