Косово
Во Приштина средба Лајчак-Курти
06.12.2022 09:17
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на средба со премиерот Албин Курти...

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на средба со премиерот Албин Курти.
Во фокусот на разговорите-подготовките за средбата на високите претставници на Приштина и Белград и дијалогот за нормализација на односите.
Вчера Лајчак во Белград разговараше со претседателот на Србија, Вучиќ за последните настани на Косово и за проблемите со кои, како што рече, се соочуваат косовските Срби поради „едностраните и нелегитимни потези на Приштина“. Лајчак изјави дека Србија е решена да продолжи со конструктивниот дијалог со цел, мир и просперитет.
