Украина

Нови напади и исклучувања на струјата

06.12.2022 09:35

Огласени сирени и засилени рекетирања низ Украина по одлуката за ограничување на цената на руската нафта. Москва не попушта. Ги интензивира нападите врз електричната инфраструктура. Во земјата воведени вонредни исклучувања на струјата. Се евакуира и населението од делови на Харков...

Огласени сирени и засилени рекетирања низ Украина по одлуката за ограничување на цената на руската нафта. Москва не попушта. Ги интензивира нападите врз електричната инфраструктура. Во земјата воведени вонредни исклучувања на струјата. Се евакуира и населението од делови на Харков.

„Лансирани се 70 руски проектили, повеќето од нив беа соборени. Секоја соборена руска ракета е конкретен доказ дека теророт може да се победи. За жал, сè уште не можеме да обезбедиме целосна безбедност на нашето небо – имаше неколку удари и четири жртви од руските напади“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На рускиот аеродром во Курск извршен нов напад со дрон при што се запалил резервоар со нафта. Претходно руската армија собори украински беспилотни летала кои нападнаа две воздушни воени бази во Саратово и Рјазанск.

„И покрај обидите на режимот во Киев да ги ограничи операциите на руските сили бомбардери со долг дострел, украинските летала беа пресретнати и соборени од руските воздушни сили. Тројца руски службеници беа усмртени, а уште четворица повредени“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Киев не ги коментираше експлозиите во руските бази.