Ја изеде бананата фрлена на теренот !
Фудбалерот на Барселона Дани Алвес ги освои симпатиите на светската јавност, особено на борците против расизмот во спортот, кога на синоќешниот првенствен натпревар од шпанската лига на гостувањето кај Виљареал – набрзина ја изеде бананата којашто некој од трибините ја фрли кон него !

Бразилецот, којшто дванаесет години како играч на Севиља и на Барселона е цел на расистички навреди во шпанскито фудбал, се подготвуваше да изведе корнер во миговите кога од гледалиштето на „Ел Мадригал“ беше фрлена банана. Таа падна на теренот покрај него, а изненадувачка беше реакцијата. Алвес се наведна, ја зеде, ја излупи и ја „лапна“ банатата, по што го изведе корнерот !
„Трпиме поради ова во Шпанија веќе некое време. Најдобро е на ваквите моменти да им пријдете со доза хумор“, изјави Алвес. „Ако не им дадете значење, расистите нема да ја остварат нивната цел“.
Браилецот беше вклучен во два од трите гола со коишто Барселона направи пресврт по 0-2 и славеше над Виљареал со 3-2. Со тоа остана втора на табелата со четири бода зад водечкиот Атлетико Мадрид на три кола до крајот на сезоната.