Енергетска криза
Произведени 12.379 MWh во текот на изминатото деноноќие
06.12.2022 09:54
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.350 MWh електрична енергија...

АД ЕСМ на 05.12.2022 година произведе 12.379 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 9.264 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.115 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.350 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата- информираат од владината прес- служба.
