Тренчевска: Да ги задржиме младите во државата
Да ги задржиме младите овде за да придонесуваат за државата, а не надвор од неа, вели министерката за труд и социјална политика Тренчевска. Таа најави дека оперативниот план ќе содржи мерки и програми за вработување коишто нудат добро платени работни места за младите...

Време е да посветиме повеќе време на младите и на нивната вработливост, да ги задржиме овде за да придонесуваат за државата, а не надвор од неа, вели министерката за труд и социјална политика Тренчевска. Таа најави дека оперативниот план ќе содржи мерки и програми за вработување коишто нудат добро платени работни места за младите. Искуството покажало дека во ИТ компаниите за разлика од јавниот сектор, најниската плата е околу 600 евра, а понатаму, платите се многу поголеми.
Со 30 милиони евра, Агенцијата за вработување преку оперативен план ќе им понуди помош на невработените лица. Лани во него биле вклучени 12.000 невработени.
Целта за в година е со оперативниот план да се опфатат барем илјада луѓе повеќе. 40 проценти од лицата пријавени во агенцијата се со основно образование, а 13 проценти без никакво образование.
Александра Спировска
