СП2022: Хрватска обезбеди пласман меѓу осумте најдобри

06.12.2022 10:08

Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја Јапонија на пенали со 3-1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1-1. 

Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска, која е актуелен светски вицепрвак, израмни во 55 минута преку Иван Перишиќ и со поуспешно изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.