Македонија

Дигиталното насилство се зголемува

06.12.2022 12:12

Дигиталното насилство врз жените и девојчињата се зголемува секојдневно. Лесно се препознава, тешко се пријавува. Неопходно е заедничко дејствување – граѓанско и институционално…

Секојдневно се зголемува, тешко се пријавува, сторителите не се доволно казнети, ама има начини за заедничко справување со овој нов вид насилство на интернет просторот. Преку 40 проценти жени и девојчиња се соочиле, воопшто, со насилство. Податоците не се најнови, а со виртуелното живеење, се зголемуваат.

Едуцирање за тоа што значи да се има онлајн профил, заштита на личните податоци и заедничко, граѓанско и институционално дејствување. Тоа се начините да се стопира најновото и многу распространето насилство.

Жените и девојките го препознаваат насилството, онлајн или во реалниот живот, неопходно е заедничкото справување со ова најчесто зло на светско ниво.

Елизабета Митреска