Агелер најави американски тим за поагресивно истражување на корупција во земјава
Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани актери и кај сегашните функционери и кај минатите, напиша американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на „Твитер“ …
Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер се огласи на „Твитер“. На Македонија ѝ требаат повеќе истраги, за да се покаже дека никој не е над законот. Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори.
„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот“, вели во објавата на „Твитер“, амбасадорката Агелер.
Во последниот период борбата против корупцијата е мета на гласни критики од претставниците на меѓународната заедница.
