Северна Кореја
Северна Кореја истрела неколку артилериски проектили
06.12.2022 12:32
Војската на Северна Кореја наредила артилериски оган како одговор на воените вежби на Јужна Кореја...

Војската на Северна Кореја наредила артилериски оган како одговор на воените вежби на Јужна Кореја.
Неименуван севернокорејски воен портпарол изјави дека планираниот артилериски оган бил наменет како предупредување до Сеул поради артилериските вежби што ги спроведува во пограничниот регион.
Јужнокорејската војска изведува вежби со боева муниција на два полигони во регионот Чеорвон. Вежбите почнаа вчера и треба да траат до среда.
