Фудбал – Премиер лига

Суарез прв Јужноамериканец најдобар во Англија!

28.04.2014 12:29

Беше суспендиран на почетокот на сезоната, размислуваше, дури и инсистираше да си замине во клуб што е конкурентен за трофеи и којшто игра во Лигата на шампионите, но Ливерпул беше упорен да го сочува, па Луис Суарез остана на „Енфуилд роуд“ и не згреши. Напаѓачот на „црвените“ е прогласен за најдобар фудбалер сезонава во Премиер лигата и тоа во највредниот избор на „Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија“.

Беше суспендиран на почетокот на сезоната, размислуваше, дури и инсистираше да си замине во клуб што е конкурентен за трофеи и којшто игра во Лигата на шампионите, но Ливерпул беше упорен да го сочува, па Луис Суарез остана на „Енфуилд роуд“ и не згреши. Напаѓачот на „црвените“ е прогласен за најдобар фудбалер сезонава во Премиер лигата и тоа во највредниот избор на „Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија“.

Откако сезоната ја почна на трибините и го пропушти првиот месец поради казната од 10 меча неиграње, Суарез како да беше гладен за голови и на тој начин ги натера сите да го заборават инцидентот од минатото првенство кога го гризеше играчот на Челзи,  Бранислав Ивановиќ.

Уругваецот во сезоната на кариерата досега постигна 30 голови што не се случило кога е во прашање некој играч на Ливерпул од времето на Јан Раш пред 27 години. Веројатно, погодоците на Суарез, кој во декември потпиша нов 4,5 годишен договор, се клучни што Ливерпул по 24 години е во реална игра за шампионскиот трофеј.   

„Премиер лигата е полна со навистина извонредни играчи и е голема чест кога тие фудбалери ќе ја препознаат работата на теренот“, изјави Суарез по објавувањето на информацијата и тоа само неколку часа по поразот на Ливерпул во дербито со Челзи.

Суарез е првиот Јужноамериканец и шести фудбалер на Ливерпул што го добива ова признание и тоа осум години по Стивен Џерард. Меѓу најдобрите во најквалитетната англиска лига во изборот којшто постои од 1974-та се и славните имиња на Ливерпул, Тери Мекдермот, Кени Далглиш, Јан Раш и Џон Барнс.

Белгиецот Еден Азар пак,  е прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во којашто постигна 14 гола.  „Секогаш е убаво да се одвојуваат награди бидејќи значат дека дека сум имал добра сезона, но преферирам колективни трофеи“, изјави 23 – годишниот играч на Челзи.

Разбирливо, Суарез и Азар се и дел од најдобриот тим во Премиер лигата во истиот избор во којшто влегоа фудбалери од пет екипи и тоа Ливерпул, Челзи, Манчестер Сити, Евертон и Саутемптон, а немаше место за ниту еден играч од сеуште актуелниот шампион Манчестер Јунајтед, како на пример за Вејн Руни.  

Тимом на сезоната во Премиер лигата го сочинуваат Петр Чех – Челзи, Лук Шоу – Саутемптон, Винсент Компани – Манчестер Сити, Гери Кејхил - Челзи, Симус Колмен – Евертон, Јаја Туре – Манчестер Сити, Еден Азар – Челзи, Стивен Џерард – Саутемптон, Адам Лалана – Саутемптон, Луис Суарез - Ливерпул и Даниел Стариџ – Ливерпул.