Колумбија
Најмалку 34 загинати во лизгање на земјиште во Колумбија
06.12.2022 12:33
Најмалку 34 лица загинаа во лизгање на земјиште во северозападна Колумбија, а деветмина се повредени...

Најмалку 34 лица загинаа во лизгање на земјиште во северозападна Колумбија, а деветмина се повредени.
Автобус на јавен превоз во кој имало 33 лица, автомобил со шест луѓе и двајца мотоциклисти биле затрупани во недела во одрон.
Во спасувачката операција учествувале 80 луѓе.
