Ковид-кризата резултира со пораст на семејното насилство
Семејното насилство во источниот регион е во пораст. Најголем дел од жртвите се жени кои насилство трпат од брачните партнери. Се забележува зголемување на насилството врз жените на работните места и на социјалните мрежи…

Пораст на семејното насилство после ковид кризата се бележи во невладината ЕХО во Штип, каде годинава 121 жртва побарале бесплатна психосоцијална и правна помош, можност за економско јакнење и ресоцијализација. Фрустрациите од пандемијата резултираа со насилство врз жените.
Насилството врз жените во источниот регион е зголемено за 40 насто, ова е проблем за кој не смее да се молчи.
Најголем број од жртвите се жени кои насилство трпат од брачните партнери, но жртви биле и осуммина мажи. Освен во семејството, пораст бележи и насилството врз жените на работно место.
Славица Величковска
