Имунизација

Транспарентноста ќе им влее доверба на родителите да ги вакцинираат децата

06.12.2022 13:23

Матичните лекари преку системот „Мој термин“ ги имаат сите податоци кои вакцини ги имаат примено нивните пациенти...

Матичните лекари преку системот „Мој термин“ ги имаат сите податоци кои вакцини ги имаат примено нивните пациенти, но и можат да ги пријават несаканите реакции.

Надлежните велат-лекарите се едуцирани и можат информациите коишто ќе ги добијат од родителите дека детето имало температура или каква било друга реакција по имунизација да ја внесат во системот.

На овој начин во системот ќе има навремени и точни информации. Надлежните се надеваат дека транспарентноста ќе им влее доверба на родителите да ги вакцинираат децата.

Националниот координатор за имунизација ја истакна важноста на ХПВ вакцината.

Девојчињата оваа вакцина можат да ја примат до 15 години. Опфатот со вакцинација со ХПВ е околу 50 проценти. Во некои општини имунизирани се над 70 проценти од девојчињата, а во некои едвај 30 проценти.

Наташа Јанчиќ Менковски