Ракомет

Болна македонско-германска трилогија

28.04.2014 12:54

Ракометната „војна“ на два фронта ја добија Германците.По традиција! Металург речиси „без борба“ го положи оружјето пред моќниот Кил. Вардар храбро ги вкрсти копјата со Фленсбург, но на  крај остана „на штитот“! А, светла нијанса внесе Вардар во тмурните македонско-германски соочувања со сензационалната елиминација на европскиот првак Хамбург.Саботниот спектакуларниот резултатски пресврт на „вардарците“ против Фленсбуг можеше комплетно да ја смени таа слика. Решавачкиот исчекор сепак изостана, депресивноста , чувството на инфериорност и потиштеност остануваат!

Генезата на „германскиот ракометен комплекс“ е од пред скоро  две децении!

Пелистер имаше моќен состав во сезоната 1995/96! Стефановски,Петковски,Маринковиќ, Чурлевски,Петрески,Новокмет, Мирзамамедов,Зарков беа во силен освојувачки поход во Купот на победниците на куповите.Зад себе оставаа еминентни состави, а кулминација на ракометното вжештување беше во полуфиналето.Пелистер против Лемго!Македонскиот првак против големиот ракометен тим од малото место во Северна Рајна Весфалија.Во моментот Лемго беше најдобриот тим во Германија и голем фаворит!Но, Пелистер храбро влезе во првото соочување..Беше резултатски рамноправен, на крај гостувањето го заврши со негатива од два гола. Резултатот од 23:25 беше како „измислен“ за  возбудлив реванш, но никој не претпоставуваше дека тој  ќе се претвори во антологиски „хорор“.7000-те илјади гледачи во пренатрупаната сала „Младост“ го носеа  Пелистер. Беше веќе виден  како финалист!Пелистер го имаше посакуваниот резултат од 24:22 и напад. За одеднаш некоја „волшебна рака“ како да  му ја подари топката на противникот! Лемго погоди со злокобниот звук на сирената! Триумфалниот делириум во салата одеднаш изчезна! Очај, неверување и болка ,која Пелистер вечно ќе  ја чувствува.А, Лемго стана  синоним  за една подарена  победа!

Деновиве навивачите на Вардар се поистоветуваат со настанот во Битола од пред близу  две децении, па  велат дека си имаат и свој „Лемго“!

Најнапред   тоа се случи мината сезона  во третото коло од ЕХФ Купот против германскиот Магдебург. Вардар со тим одлично селектиран,  врз кој се базира и денешниот, предводен од Веселин Вујовиќ се врати од Магдебург со надежен минус од три гола-27:30. Се ореше од трибините, на  како „грозд“ исполнетото „Кале“, додека  „вардарците“ го кршеа трикратниот европски првак. Вардар водеше со 28:25, германскиот ракометен  гигант беше фрлен на колена, но успеа  како Феникс да  се крене во моментот на завршното одбројување на семафорот!Лазаров, Карачиќ, Прибак, Абутовиќ,Марковиќ Милиќ... беа трагичните јунаци од „Кале“! Во саботата како дел од новиот и моќен Вардар заедно со Ангелов, Малумбрес, Дибиров, Душебаев, Брумен, Тоскиќ, Чипурин, Козлина .. го носат новиот чемер! Многу потежок, бидејќи влогот беше неспоредливо поголем.

„Лемго“, „Магдебург“, „Фленсбург“ се насловите на  болната македонско-германска ракометна трилогија!

Златко Калински