Борел: Предлог договорот е испратен вчера
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја акцентираше важноста на дијалогот Приштина-Белград, нагласувајќи дека во нивни раце e да почнат преговори, бидејќи германскиот предлог им е можност за тоа...

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја акцентираше важноста на дијалогот Приштина-Белград, нагласувајќи дека во нивни раце e да почнат преговори, бидејќи германскиот предлог им е можност за тоа.
Претходно специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, одржа средба со премиерот Албин Курти. Во фокусот на разговорите – подготовките за средбата на високите претставници на Приштина и Белград и дијалогот за нормализација на односите.
Лајчак изјави дека Србија е решена да продолжи со конструктивниот дијалог со цел, мир и просперитет. Косовската претседателка Вјоса Османи, на самитот во Тирана, рече дека Косово до крајот на годината ќе поднесе барање за членство во Европската унија.
