Тирана

За време на протест на албанската опозиција нападнат е Сали Бериша

06.12.2022 15:34

Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нема да го порази народот и опозицијата...

Лидерот на албанските демократи, Сали Бериша, беше нападнат за време на протестот во Тирана, каде се одржува и Самитот ЕУ-Западен Балкан. Бериша беше удрен со тупаница во лицето од 25-годишен маж, кој присутните го оттргнале и го претепале, по што е хоспитализиран.

Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нема да го порази народот и опозицијата“.

На протестот учествува и лидерот на партијата на слободата Илир Мета