ЕСМ: Училиштата и водостопанствата до 20 декември можат да се пријават за субвенционирана струја
Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ се пријавиле 309 училишта. со вкупно 869 броила и тие од 1-ви декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час, информираат од ЕСМ Продажба...

Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ се пријавиле 309 училишта. со вкупно 869 броила и тие од 1-ви декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час, информираат од ЕСМ Продажба.
Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле и се снабдувани 51 субјекти
-Субјектите од овие две категории кои не поднеле документи или поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20-ти декември годинава и да бидат снабдувани преку „ЕСМ продажба“ од 1-ви јануари идната година, соопшти АД ЕСМ.
Во следните денови, како што информираат, ќе бидат објавени и субјектите од прехранбената индустрија со шифри на дејноста опфатени во одлуката од Владата, кои веќе се снабдуваат преку „ЕСМ продажба“.
-И за прехранбената индустрија важат истите правила за пријавување со цел снабдување од 1-ви јануари идната година, прецизираат од ЕСМ.
