По 13 години се бара дозвола за работа на нафтоводот Скопје – Солун
Од Регулаторната комисија за енергетика, потврдија дека на 23-ти ноември е пристигнато барање за добивање лиценца на 35 години од „Вардакс“, претпријатието коешто стопанисува со нафтоводот. Ако добие зелено светло, според менаџментот на компанијата, земјава ќе има поевтина и поквалитетна нафта...

По 13 години од затворање на вентилот се отвора нова можност низ нафтовод Скопје – Солун да протече нафта .
Од Регулаторната комисија за енергетика, потврдија дека на 23-ти ноември е пристигнато барање за добивање лиценца на 35 години од „Вардакс“, претпријатието коешто стопанисува со нафтоводот. Ако добие зелено светло, според менаџментот на компанијата, земјава ќе има поевтина и поквалитетна нафта и приходи од транзитот на дизел кон Косово.
Државава е сопственик на 20 проценти во овој нафтовод, а поголемиот удел е на грчката „Хеленик петролеум“.
