МВР

Лишени од слобода петмина насилници, нападнале гледачи на фудбалски натпревар во Аеродром

06.12.2022 19:44

Со приведените е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава...

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода  И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од с. Коњари дека петмината насилници на 04.12.2022 околу 15 часот, за време на фудбалски натпревар, на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив, соопшти МВР.

Со приведените е  извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело насилство.