Македонија

Експертски тим од САД ќе помага при владеењето на правото, најави Ковачевски

06.12.2022 20:48

Следната недела премиерот Ковачевски ќе има нови средби со тимови од Вашингтон за асистенција при владеење на правото. Вели дека е во тек внатрешна истрага за случајот Онишченко, кому Владата му го одзеде македонското државјанство, за што ќе реферира директорот Димовски на затворена седница. Добивме поддршка од Брисел за уставните измени, вели Ковачевски...

Имам ист став, иста визија и иста цел како и американската амбасадорка Агелер за правдата и судството, вели премиерот Ковачевски. На средбата пред неколку дена, Ковачевски бил известен за неколку активности, меѓу кои и оваа, дека тим од САД ќе дојде да проверува евентуална корупција кај македонските функционери. Следната недела Ковачевски очекува нов експертски тим од Америка кој ќе помага при владеењето на правото.

На Самитот во Тирана, македонскиот тим добил поддршка од земјите членки на Унијата за уставните измени кои според Ковачевски водат кон забрзана интеграција.

За случајот Онишченко. Ковачевски тврди дека ќе има одговорност. Се води внатрешна истрага во Агенцијата за Национална Безбедност, за која ќе реферира директорот Димовски на затворена седница на Владата. Агреманот за Димовски за амбасадор во Париз е во надлежност на Собранието и на Претседателот, рече Ковачевски и најави нов директор на АНБ за седум дена.

 

Катерина Топалова