Франкофонските медиуми за изборите во Македонија
28.04.2014 13:14
На власт од 2006 година македонскиот премир Никола Груевски ќе добие трет мандат, јавува изутринава „Евроњуз“, нанесувајќи му тежок удар на главната опозициска парѕија од центарот на левицата, која истиот ден ги изгуби и парламентарните и претседателските избори, пренесува дописникот на МРТВ од Париз.
„Евроњуз“ како и сите други франкофонски медиуми пренесуваат дека опозицијата одбива да ги признае изборните резултати и дека истата опозиција редовно го обвинува шефот на владата за „авторитаризам и корупција“, која истиот ги дематира.

На власт од 2006 година македонскиот премир Никола Груевски ќе добие трет мандат, јавува изутринава „Евроњуз“, нанесувајќи му тежок удар на главната опозициска парѕија од центарот на левицата, која истиот ден ги изгуби и парламентарните и претседателските избори, пренесува дописникот на МРТВ од Париз.
„Евроњуз“ како и сите други франкофонски медиуми пренесуваат дека опозицијата одбива да ги признае изборните резултати и дека истата опозиција редовно го обвинува шефот на владата за „авторитаризам и корупција“, која истиот ги дематира.
Радиото „98,5“ од Монтреал Канада, пренесувајќи ги детално резултатите од вчерашните двојни избори, нагласува дека Никола Груевски доби јасно мнозинство во парламентот, притоа ја пренесува изјавата на лидерот на опозицијата Зоран Заев, во која тој го обвинува премиерот Никола Груевски дека „неоправдано ги користел државните ресурси за да влијае во кампањата за да го олесни својот реизбор и тој на неговиот сојузник, претседателот Ѓорге Иванов.
Канадскиот медиум исто така пренесува, дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли обвинувањата на социјал-демократите, тврдејќи дека „Македонија имаше најмирни и најдемократски избори во својата историја“.
Париски „Фигаро“ пишувајќи за иборите, на крајот од својот текст потсетува дека Македонијае кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но кандидатурата е замрзната од страна на Грција, која бара државата да го смени името.
„Знамиња, свирки на автомоблите“ - француското меѓународно радио РФИ, ја опишува победничката атмосфера во центарот на Скопје од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Известувачот на РФИ, Жан-Арно Деранс ВМРО-ДПМНЕ, единствен во своите извештаи ја нарекува „националистичка партија“, која добила 43% од гласовите далеку пред социјал-демократите со 23%, кои доживеале историски пораз. Деранс ја пренесува изјавата на ДИК, според која „изборите не биле одбележани со ниту еден значаен инцидент“, а еден порт-парол на ВМРО-ДПМНЕ ги нарекол истите „модел за регионот“, наспроти тврдењата на опозицискиот лидер Зоран Заев. Притоа РФИ предупредува на ризите од нова политичка криза во Македонија.
Француската агенција АФП, која ја пренсеуваат скоро сите фракофонски медиуми насловува: „Македонија: конзервативците победници, опозицијијата вика на измама“, деталано пренесувајќи ги резултатите и главните реакции на политичките лидери. АФП посебен дел од својот текст посветен на вчерашните избори им ги посветува на односите со Грција, посебно блокадата од Атина која е главната пречка за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Притоа француската агенција потсетува дека во предизборната кампања главната тема била економијата, за време на која ВМРО-ДПМНЕ се обврза да ја подобри ситуацијата и да продолжи со реформите.
Во скоро сите извештаи од Македонија посебен дел им е посветен на односите меѓу Македонците и Албанците,
Посебно на оваа тематика се осврнува веб порталот специјализиран за балканските земји „Ле Курие де Балкан“, кој насловува „Албанците од Македонија: победа под наредба за ДУИ на Али Ахмети“. Дописничката на порталот во репортажата од Тетово пишува дека „тоа е победа со нокаут за ДУИ на Али Ахмети, кој ги прегази своите ривали на парчаментарните избори. Албанците од Македонија исто така ги почитуваа, по свој сопствен избор или принуда, инструкциите на партијата за бојкот на претседателските избори. Потсетувајќи дека во Зајас во шрвиот круг на претседателските избори, гласале само 1% од избирачите додека во Тетово 20%.
Новинарката на Курие де Балкан ја завршува репортажата со разочарувањето на избирачите во Тетово од ветувањата на политичките партии, пренесувајќи ја изјвата на четири млади студентки кои не гласале на изборите но кои притоа обвинуваата дека „немаат доверба во политичарите, ние немаме никаква корист да извлечеме од нив, тие не не поддржуваат“ пред да пресече една друга : кога сме Албанци, не не слушаат и ние немаме исти права“.
Франкофонските медиуми притоа пренесуваат дека се чекаат и оценките на меѓународните набљудувачи на изборите.
Тони Гламчевски
