Собрание

Прв состанок на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа

07.12.2022 08:29

Во Собранието денеска ќе се одржи Првиот состанок на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа...

Во Собранието денеска ќе се одржи Првиот состанок на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа.

Претседател на групата е собранискиот спикер Талат Џафери. На Првиот состанок ќе учествуваат потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторот на Пратеничката група на СДСМ и коалиција Јован Митревски, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски, координаторот на Пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, координаторот на Алијанса за Албанците Сурија Рашиди, претставничката на Алтернатива Сафије Садики Шаини, претставникот на Движењето БЕСА Бастри Бајрами, како и амбасадорките на Украина и на Хрватска во Република Северна Македонија.