САД

Демократот Ворнок победи во трката за сенатор на Џорџија

07.12.2022 09:36

По победата на демократскиот кандидат Рафаел Ворнок на изборите во Џорџија, партијата на претседателот на САД Џо Бајден го зголеми мнозинството во американскиот Сенат...

По победата на демократскиот кандидат Рафаел Ворнок на изборите во Џорџија, партијата на претседателот на САД Џо Бајден го зголеми мнозинството во американскиот Сенат.

Во вториот од среднорочните избори, тој се натпреваруваше против Хершел Вокер, политичар од редовите на поранешниот челник на Белата куќа Доналд Трамп.

Последните резултати не ја нарушуваат рамнотежата на власта во американскиот Конгрес. Демократите го држат Сенатот, а републиканците се мнозинство во Претставничкиот дом.