Германија

Ултрадесничари и поранешни воени лица планирале упад во Парламентот

07.12.2022 09:44

25 лица уапсени во голема полициска рација во Германија. Осомничени се за планирање на упад во зградата на Парламентот и уривање на Владата...

25 лица уапсени во голема полициска рација во Германија. Осомничени се за планирање на упад во зградата на Парламентот и уривање на Владата.

Како главен мозок на операцијата е идентификуван т.н. „Принц Хајнрих XIII“, на 71-годишна возраст.

Во групата има членови на екстремистите од движењето „Граѓани на Рајхот“ кое не ја признава модерната германска држава и се обидува да го врати државниот модел од 1871 година.