Тетово

Денеска е четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

07.12.2022 11:08

За денеска во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица...

За денеска во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица.

Судијата Јордан Велковски на 8 ноември судењето го одложи за 7 декември во 10 часот затоа што еден од обвинетите немаше адвокат бранител. Судијата информираше дека доколку не обезбеди адвокат за нареден пат ќе мора да почне главната расправа и без присуство на бранител на обвинетиот.