Тетово

Повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

07.12.2022 13:08

Главната расправа за случајот со модуларната болница во Тетово започна, но во текот на судењето додека се изведуваше доказниот материјал судијата одлучи да го одложи судскиот процес по барање на одбраната.

Одбраната на обвинетите образложи дека начинот на презентација на доказите не е согласно законските одредби и му предложи на судот расправата да биде одложена за кратко и по писмен пат одбраната да се произнесе по однос на доказите од ОЈО, а кои не се во бараната форма.

Целта е избегнување на одолговлекувањето поради чести упаѓања на одбраната за време на процесот кои ги негираа доказите кои го доставуваше јавното обвинителство од каде се согласија судењето да биде одложено и тоа е во интерес на постапката. Судскиот процес се одложи за 27-ми декември.

Во текот на судскиот процес одбраната бараше целосен увид во доказниот материјал како и препис за кој што тврдеа дека не им бил овозможен од судот.

Истакнаа дека имале увид во дел од списите, но не им бил овозможен препис бидејќи во судот им рекле дека не им работел фотокопирот.

Поради немањето на увид на доказниот материјал одбрана побара да не се започнува читањето на доказниот материјал.

Но сепак доказниот материјал обвинителството започна да го чита, на што одбраната на обвинетите, реагираше дека не се работи за целосно читање на доказниот материјал како што налага Законот туку се читаа само насловите.

Зоран Димовски