Истражување

Довербата во судството, политичките партии и политичарите на најниско ниво

07.12.2022 14:03

Довербата во судството, политичките партии и политичарите се на најниско ниво-покажа истражувањето на Институтот за демократија. Според нив, Собранието и Владата имаат оценка под просекот, додека највисока доверба имаат Армијата и верските институции. Анкетата на фокус групите покажала дека најголемиот проблем се економската состојба во земјава, заминувањето на младите од земјава и корупцијата во државата…

Институтот за демократија презентираше истражување за јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата во институциите и политичките актери, како и поларизацијата во Северна Македонија. Речиси сите учесници беа загрижени за партиската политика и раздорот што го предизвикуваат политичарите. Сметаат дека политичките партии главно ги интересираат својата агенда и интереси, а не општото добро и благосостојбата на граѓаните.

Корупцијата, непотизмот, клиентелизмот, личните и партиските интереси, и политичките и семејните врски се најчесто споменатите проблеми поврзани со институциите и се главниот извор за недоверба.

Истражувањето беше во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, а се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт и Центарот за управување со промени.

Игор Панов